Bell Антифриз -G12+ - 3414

Bell Антифриз -G12+ - 3414

257 ден
На залиха
Quantity for Bell Антифриз -G12+ - 3414: 1 (minimum quantity)

Bell Antifriz -G12+ - 3414

BELL Antifriz SUPER 100 G12+ е концентриран антифриз на база на моноетилен гликол и спаѓа во групата на органски (OAT) антифризи. Не содржи нитрити, борати, фосфати и силикати. Наменет е за заштита на ладилните системи вградени во возила на VW, како и возила од други производители каде што е потребен квалитетен стандард VW TL 774-D/F (G-12/G-12+).

Има исклучително долг живот - до 5 години. Може да се меша со антифризи, кои не содржат силикати, како и со G11 и G12 антифриз. Се користи во текот на целата година. Обезбедува одлична заштита на моторот од корозија, акумулација на бигор, замрзнување и прегревање. Производот се користи по разредување со деминерализирана вода, според посакуваното ниво на заштита.

Начин на употреба: Измешајте го концентратот и водата, потоа дотурете ја мешавината во ладилниот систем (на ладен мотор), проверувајќи го нивото. Стартувајте го моторот за циркулација на течноста и дополнете ако е потребно. Проверете го упатството на вашето возило за правилниот сооднос на антифриз и вода. Стандардните препораки за разредување се:

  • 1:1 – заштита до -35°C
  • 1:2 – заштита до -20°C
  • 2:1 – заштита до -50°C